← НАЗАД НА БОЗА

Ова е најскапиот невестински фустан на светот

Ова е најскапиот невестински фустан на светот
3672 Читања

Цената на просечниот невестински фустан не е баш ефтина. Кај нас, цените се движат од 300-2000 евра, односно за просечна венчаница ќе платите околу 500 евра. Сепак, за познатите тие цени се со уште неколку нули.

Венчавките на познатите личности се голем медиумски настан, а нивните венчаници служат како урнек за венчаниците на останатите луѓе. Кога станува збор за свадвата на познатите, најголемо внимание му се посветува на невестинскиот фустан, кој најчесто чини мало богатство.

Ви го претставуваме најскапиот невестински фустан на светот, чија вредност се проценува на неверојатни 12 милиони долари. Фустанот е креација на Рене Штраус и компанијата Мартин Кац, која се занимава со производство на накит.

Овој невестински фустан е познат под името Дијамантска венчаница. Фустанот, кој е изработен во 2006 година, содржи дијаманти во вредност од фантастични 150 карати.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk