man fashion

Ова се најдобрите машки парфеми!

Кои се најпродавани и најбарани машки парфеми на пазарот? Дали ви треба помош да одберете добар парфем за вас или пак за подарок? Специјално за вас приготвивме листа на најпродаваните и најпопуларни машки парфеми, па погледнете ја:

John Varvatos
John Varvatos

Модерен, силен и софистициран со чувство на сензуалност и опуштеност. Мажествен, суптилен и сензуален со мирисни ноти на кожа, семе од коријандер, индиски ајован, аурамбер и лист од тамаринда.

HM
Hanae Mori

Овој парфем е пример за машкост и сила. Содржи 50 складно измешани есенции од кои основните се јасмин, лимон, лаванда, ванила, чоколада што го прават овој парфем силен и незаборавен.

L’Eau d’Issey Pour Homme
Issey Miyake

Ова е свеж но сепак топол мирис со дрвенести мирисни ноти и со додаток на зачини. Основните мирисни ноти се мандарина, чемпрес, коријандер, мускатно оревче, шафран, цимет, сандаловина и мошус кои го прават неверојатно свеж и топол со дрвенести подноти.

Black Code
Giorgio Armani

Заводлив мирис за мажи. Ова е секси мешавина од свеж лимон и бергамота ублажен со мирисни ноти на портокал.

Acqua Di Gio
Giorgio Armani

Парфемот во себе носи природна свежина и ја носи во себе свежината и силата на океанот. Содржи мандарина, посидониа и морски билки кои го прават неодолив, елегантен и мажествен.

Unforgivable
Sean John

Посветен е за мажи од 18 до 25 годишна возраст. Мирисните ноти од сицилијански лимон, бергемот, мандарина, кашмирово дрво и сандаловина го прават неверојатно секси и елегантен.

Clean Man
Clean

Не постои начин да се долови мирисот на туку што истуширано машко тело, но овој парфем го прави точно тоа. Оваа секси мешавина од англиска лаванда, диви малини, мошус, пачули и лимета ќе ве направат свеж и секси во текот на целиот ден.

Hugo
Hugo Boss

Ова е класика парфем, свеж и со остар мирис и крајно мажествен. Основните ноти се грејпфрут, зелено јаболко и бергамот. Совршен е за доцните вечерни саати. Мошне иновативен и специфичен мирис.

Touch For Men
Burberry

Овој парфем е едноставен баш на англиски начин, воздржан, убав и мажествен. Артемисија и листови од љубичици се прошарани со свежите ноти на мандарина и чедровина. Подлогата е мошусно-балсамична: ветивер, бел мошус.Ова е парфем со богати контрасти.

Напиши коментар