Поранешниот гитарист на групата „Black Sabbath“, Тони Ајоми проговори за неговите денови поминати со бендот. Освен што свиреше со нив кога беше на врвот на својата кариера, тој со бендот поминал и некои од најневеројатните моменти во животот.
Една анегдота посебно се истакнува меѓу бројните рокерски приказни. Тони открива дека Ози Озборн, фронтменот на групата, во една прилика ја уништил хотелската соба натопувајќи го подот со крв од една мртва ајкула.
– Дрогите ни здосадија, па моравме постојано да смислуваме нешто ново за да ни биде поинтересно. Еден ден, Ози го скрши прозорецот, донесе мртва ајкула во собата и цела ја натопи со крв, – искрено призна Тони.
Инаку, неодамна Тони издаде книга со мемоари под наслов „Моето патување низ рајот и пеколот со Блек Сабат“.
