Керозин

Озоглаесниот Austin Healey 100S-прототип, продаден за скоро милион евра

Мото-спортот имал доста црни денови во својата историја, но малку од нив може да се споредат со трката во Ле Ман во 1955 година, кога Ленс Меклин во Austin Healey 100 S прототип настапи на легендарната трка на издржливост.

Возилото со четирицилиданрски мотор и 140 КС не можело да се носи со значително побрзите модели на Јагуар и Мерцедес.

Во една ситуација дур Аустин-Хилито проаѓало покрај пит-боксот, Јагуар Д-то нагло успорили, што предизвијкало Меклин да изгуби контрола на своето возило. На него налетал Mercedes Benz 300SLR, кој од силината на ударот излетатл право во банкината и буквално се распаднал на повеќе делови вклучувајќи го и моторот, кои полетале према публиката.

Вкупно 84 лица погинале, вклучувајќи го и Пиер Левега, возач на 300 SLR- от, а 120 лица се задобиле со разни повреди. Несреќата ја натерала меѓунардоната федерација да превземе низа безбедносни мерки ( снимка од страшната несреќа може да погледете подоле )

Инаку ова возило беше продадено на аукција одржана на 1 декември за сума од 960,000 ЕУР, откако претходниот сопственик се решил после 42 години да го продаде овој автомобил.

Напиши коментар