Мојата кујна

Палачинки со пилешко месо

Недела денот за уживање… Имате потреба од вкусна вечера??? Ова е идеалниот рецепт за вистинско уживање во недела навечер!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца

2 лажици брашно

250 гр. грашок

200 гр. кисела павлака

100 гр. кисели краставички

120 гр. мајонез

1 парче морков

12 парчиња палачинки

200 гр. пилешки стек

2 лажици презла

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Испечете ги палачинките. Пилешкото сварете го и исецкајте го на коцки, а грашокот и морковот обарете ги и додадете малку зачин. Измешајте го пилешкото со зеленчукот, мајонезот, исецканите краставички и павлаката. Со овој фил намачкајте ги палачинките и свиткајте ги како сарма.

Потоа извалкајте ги во брашното, јајцата и презлата и пржете ги на врел зејтин.

Од кога ќе се зацрвенат малку извадете ги и по ваша желба можете да ги декорирате со неколку ливчиња зелена салата и две кришки лимон.

Добар апетит!

Напиши коментар