Дестинации

Палатата Топкапи

Палатата Топкапи била официјалната резиденција на турските Султани речиси 400 години.

Денес е една од главните туристички атракции во Истанбул, а порано била центар на сите политички и кралски случувања. Во оваа палата се наоѓаат најсветите реликвии на Муслиманската религија, како на пример наметката и мечот на пророкот Мухамед.

Палатата Топкапи е комплекс од четири главни дворови и многу помали згради. Во врвот на нејзината слава, оваа палата била дом на преку 4000 луѓе. Целиот комплекс бил прошируван низ вековите, и денес содржи џамии, болница, кујни, пекари и леарница. Буквалниот превод е „Палата со Топови на Портите.“ После падот на Отоманската Империја, во 1924 година, палатата Топкапи е претворена во музеј на царското доба.

Целиот комплекс има стотици соби и простории, со прекрасни примери на Отоманската архитектура и голема колекција на порцелан, наметки, облека, оружја, штитови, минијатури, калиграфски ракописи, мурали како и голема колекција на Отоманското богатство и накит.

Напиши коментар