Дестинации

PANCHORAN RETREAT YOGA & SPA

Ирската дизајнерка Линда Гарленд во раните седумдесетти од Бали направи свое катче каде што садеше, изработуваше скулптури, едноставно успеа да создаде свој дом околу реката која се наоѓа на самиот имот. Денес, ова место се вика  Panchoran Retreaт и е производ на културата во Бали,  а дом на традиционалните фестивали, работилниците и настаните на отворено. Во склоп на местото е и Едемската градина, опкружена со џиновски бамбуси, ѓумбир, овошје и широка понуда на фауна.

Овој тропски рај, посетителите можат да го уживаат со сместување во некоја од седумте луксузни куќи, со базени и термална вода. Тука се и можностите за јога, масажи и читање. Собите се модерно дизајнирани, со луксузни тапети на кои преовладуваат мотиви на лисја, и постела во светли бои.

Напиши коментар