Убавина

Парфемите ве “разоткриваат”

Психолозите потсетуваат дека омилениот мирис може многу да каже за карактерот на лицето. Проверете дали има вистина во нивните тврдења.

Девојките кои сакаат цветни мириси се екстравертни, односно отворени кон сите луѓе и кон новите искуства. Овие лица се динамични, активни, љубопитни, со задоволство прашуваат, практични се, лесно ги совладуваат сите проблеми и се зависни од успех. Користат парфеми со мирис на коријандер, бибер, бугарска роза и рис.

Жените кои сакаат овошни мириси, обично се интровертни (повлечени во себе) и емоционално стабилни. Овие лица не се премногу динамични, но ни премногу мирни. Понекогаш се неурамнотежени. Тешко го контролираат своето расположение, сакаат се што е посебно, модерно, но истовремено и елегантно. Користат парфеми од овошен коктел со мирис на: грозје, рибизла, круша и егзотични овошја.

Оние кои ги сакаат егзотичните мириси се ставени во друга група, благодарение на нивната топлина и сензуалност. Освен опојните и интензивни мириси како што се мошус, ванила, егзотична смола и дрва, честопати се следени и со егзотични цветови и зачини. Девојките кои сакаат вакви мириси се мирни, невозможно е да ги присилите на било што. Кога се повредена се затвораат како школка. Ги избегнуваат површните луѓе. Не сакаат просечност. Околината ја пленуваат со својата храброст при донесувањето на одлуките. Користат парфеми со мирис на: садналовина, амбер, мошус и ванила.

Во последната група спаѓаат љубителките на цветно-овошни мириси, кој се отворени кон нови познанства и искуства, но се емоционално променливи. Го сакаат животот, оптимисти се, импулсивни и ги сакаат сите видови на промени. Секогаш донесуваат неочекувани одлуки, и тоа брзо и храбро. Основна нота на парфемите кои ги користат се шипката, јапонската јаболка, зеленото лисје, лотосот, црната орхидеја, црвеното дрво, црната темјанушка и амберот.

Напиши коментар