Не, Парис Хилтон нема да ја видите низ улиците на Љубљана, туку како се забавува на концертот на познатиот диџеј Дејвид Гета во колаборација со Афроџек.
Старлетата пристигнала на „Red (x-mas)“ журката во Словенија директно од Амстердам, а како си поминала знаат сите кои биле присутни на концертот кои виделе како Парис се качува на бината и лудува.
Еден од најуспешните диџеи во светот „паднал во сенка“ кога плавушата се качила на сцена, клекнала на колена и почнала да се слика со мобилниот, за веднаш потоа да ги објави фотките на Твитер.
Е, како не се погодивме да бидеме и ние во Љубљана и ние па да си чиниме сеир?

