Фустанот, кој неодамна починатата соул пејачка Ејми Вајнхаус го носеше на опаковката од албумот „Back to Black“, ќе биде продаден на аукција, а собраните пари ќе бидат донирани во добротворни цели. Ова вчера го соопшти аукциската куќа „Кери Тејлор“.
Се очекува фустанот од шифон, дело на тајландската дизајнерка Дисаје Сорајкраикитикул, да достигне цела од 16.000 до 33.000 долари. Аукцијата започнува на 29-ти Ноември.
Целата сума од фустанот ќе ѝ биде донирана на фондацијата на Ејми Вајнхаус која им помага на младите, а основана е од семејството на 27-годишната пејачка веднаш по нејзината смрт од предозираност со алкохол.

– Она што го прави овој фустан посебен е тоа што ги симболизира магичниот глас и извонредниот талент на Ејми Вајнхаус кои се наоѓаат во срцето на една цела генерација, – велат од аукциската куќа.
