Сите знаеме дека семејството Кардашијан е едно од најпознатите семејства на светот, но колку и да имаат фанови, верувам толку имаат и луѓе кои воопшто не ги сакаат.
Реалното шоу кое го снимаат, само по себе си носи последици како што се исмејување поради сите интимни моменти кои тие ги споделија со целиот свет.
Беше само прашање на време кога некој ќе се осмели да направи пародија. Комичарите од шоуто „Saturday Night Live“ се погрижија да ни овозможат урнебесна забава за шоуто поврзано со разводот, во кое Клои Кардашијан искоментирала дека не може да престане да се смее и дека ова страшно ја „погодило“.
Погледнете ја пародијата, која верувам и вас ќе ве насмее:
httpv://www.youtube.com/watch?v=7v14YksF20s&
