ШоуБиз

Патинсон го мрази ликот кој го игра!

Актерот Роберт Патинсон, кој во серијалот „Самрак“ ја играше улогата на вампирот Едвард Кален, мисли дека неговата улога, како и самиот лик се грозни.

–  Тоа што ме иритира во ликот на Едвард е што неговите обожаватели го сметаат за совршен. Планирав да го одглумам таков каков што тој навистина е, но неговите фанови ми го наметнаа притисокот на совршен дечко. Досега никогаш не сум гледал филм со вампири во кој вампирите се атрактивни.

–  Вообичаено на крајот од таквите филмови, вампирите изгледаат далеку полошо на крајот од филмот отколку на почетокот. И Едвард е лош и полн со маани како и сите други луѓе, но и како сите останати вампири, – заклучува Патинсон.

Напиши коментар