ШоуБиз

Патинсон и Кристен се селат во заеднички стан!

Иако се доста таинствени кога се работи за нивната врска, по сè изгледа Роберт Патинсон и Кирстен Стуард решиле својата љубов да ја однесат на едно повисоко ниво и да станат посериозни. Познатиот пар од вампирскиот филм „Самрак“ заедно изнајмил стан во Лондон. Се работи за луксузен апартман во западниот дел на градот, а актерите планираат да живеат во него додека се во Европа.

Роберт е роден во Лондон и сака да поминува повеќе од времето таму, додека пак, американката Кирстен моментално е со него бидејќи работи на новиот филм за Снежана.

Инаку, тие двајца се скоро секогаш скромни. Пред некој ден биле на еден концерт каде се појавиле во сосема едноставно издание. Се држеле на страна и си ја пиеле пијачката без никој да ги забележи.

Напиши коментар