ШоуБиз

Патинсон на децата ќе им дал смешни имиња…!?!

Ѕвездата од филмот „Самрак“ Роберт Патинсон изјавил дека сеуште е прилично млад за да стане татко, но кога ќе се одлучи на тој чекор, мисли дека на своите деца ќе има даде смешни имиња.

–  Не знам какви имиња би им дал бидејќи сеуште размислувам како тинејџер. Моментално на памет ми паѓаат имиња како Убиец или Мажиште, – рекол популарниот актер.

Роберт додава дека би сакал еден ден да стане татко, но дека сеуште е млад за таа животна улога.

– Немам никакво искуство со деца, како ни пријател со кој се дружам, а има деца. Немам ни помал брат. Требаше да ме видите каков бев додека го снимавме „Самрак. За време на снимањето имаше две бебиња и кога требаше да снимам со нив, ми беше страв да не им направам нешто, да не ги повредам или нешто слично, – искрено признава Патинсон.

Write A Comment