Мода

Педикир од вистинска змиска кожа

Познатата стилистка, Тери Силачи од Калифорнија, е креаторот на најновииот воедно и најскапиот педикир. Станува збор за егзотична декорација, од вистинска кожа на питон, на местото на класичните лакови за нокти. Бидејќи сезонава змиската кожа е апсолутен хит, ова е уникатна досетка на стилистката. Материјалот го добива од веќе сменатата кожа на змијата, сечејќи ги парчињата така да одговараат на индивидуалната форма на ноктот на секој клиент. За екстравагантниот педикир кој е поактуелен од секогаш, благодарение на топ трендот сезонава, односно животинските принтови а пред се змиската кожа, треба да платите нешто повеќе од 300$.

 

Напиши коментар