Едно истражување во Австралија покажало дека во тек на 15 минути пеење во организмот се ослободува иста количина на ендорфини колку во тек на еден оргазам. При тоа не е важно дали ќе пееме тивко под туш или “оперски арии” на некое друго место. Една до две минути пеење ќе придонесат да се чувствуваме подобро и до три часа подоцна, додека 5-6 минути ќе го намалат стресот и ќе не направат помалку склони кон кавги.
