Дестинации

Пенанг

Најголемиот град на малезискиот остров Пенанг, Џорџтаун познат е како престолнина на храната во која се мешаат вкусовите на мелезиската, кинеската, индиската и европската кујна. Љубителите на храна прошетката мораат да ја почнат од центарот Ајер Итам, каде можат да пробаат многу јадења на база на ориз, тестенина, риба, школки, пилешко, свинско, овошје, и друго. Пробајте ‘лор бак’ – пржено маринирано мелено свинско со чили, ’лок лок’ – ражнич од морски плодови, месо и зеленчук, ’икан бакар’ – риба маринирана во кокосово млеко, замотана во лист од банана и печена на жар, како и други видови на специјалитети кои кора да ги пробате. Покрај сето тоа островот има и прекрасни плажи, мали рибарски села и многу храмови, џамии и цркви.

Се на се навистина прекрасно место…

” src=”http://boza.mk/wp-content/uploads/2011/10/8p4.jpg” alt=”” width=”450″ height=”338″ />

Напиши коментар