Убавина

Перфектна шминка за оваа зима!

Овој пат ќе ви дадеме еден предлог за идеална зимска шминка. Веќе ви напоменавме дека оваа зима ин се темно зелената, темно сината и виолетовата боја на сенки за очи.

Погледнете како може да се нашминкате со вилоетова сенка за очи во комбинација со кафени тонови.

Потребни ви се кафена и виолетова масна, седефаста сенка за очи и камена сенка во приближно истите бои.

Најпрво нанесете ја подлогата за очи.

Потоа на горниот капак ставете од масната кафена сенка.

Одозгора ставете од кафената камена сенка, која најмногу ќе ја тапкате во пределот на трепките. Масната сенка одоздола ќе овозможи идеално да се прилепи каментата сенка.

Потоа нанесете од виолетовата масна сенка на долната линија од трепките.

Врз неа нанесете од камената вилоетова сенка.

Потоа ставете креон по линијата на целото око.

На ред е маскарата. Ставете колку што е можно повеќе.

 

 

 

 

Напиши коментар