Дестинации

Пет главни причини, зошто да ја посетиш Јамајка! А има многу повеќе…

Јамајка е е островска држава што се наоѓа во Карипското море. Нејзините локални Таино жители, кои зборуваат Арауакан, го крстиле островот Хајмака, што значи „Земја на дрво и вода“ или „Земја на извори“.

Сонцето и неверојатните временски услови

Ова е местото каде можете да носите шорцеви цело време, во текот на целата година. Што ќе кажете за Божиќ на плажа? Овде тоа не е проблем.

Месното население

Овие луѓе се специјални. Нивната релаксираност и пријателски карактер се навистина уникатни. Ќе уживате во друштвото на овие прекрасни луѓе.

Животната средина

Многуте мали скриени плажи на Јамајка се вистински безценети камења. Криисталната вода, песочните плажи, неверојатната вегетација, е не може да биде подобро од ова!

Плажите

Нема потреба да се опишуваат плажите на Јамајка, Едноставно тие се Рајот на земјата!

Опуштена атмосфера

Кога си во Јамајка се околу тебе вели “chill-out, не грижи се” и ова има навистина позитивен ефект врз општото расположение на посетителите. Овде нема стрес. Само лето 24/7.

 

Напиши коментар