Кај нас дефинитивно се гледа доста скептично на леопардовите шарки. Меѓутоа сме сигурни дека на доста од вас тоа воопшто не им пречи, а освен тоа леопардовите принтови се модерни и оваа сезона повторно.

Леопардови чевли – Ако сакате да разубавите еден досаден аутфит и да му поставите акцент ние ви предлагаме да го сторите тоа со изборот на леопардови чевли. Може да ги комбинирате чевлите со црно или бело, а за посмелите со црвено или зелено.

Комбинација од два различни принтови – Во случајов најдобро е едниот принт да е доминантен, а вториот да биде само додаток.

Смели аксесоари – Ова е можеби уште потешко од предходниот наш предлог, но пак ако е направено со вкус и финес, резултатот ќе биде раскошен.

Изберете бледа варијанта – Ако сте љубител на леопардова штампа, но веќе ви здосадила, тогаш изберете побледа варијанта од истиот принт.

Необични бои – Ова решение не е ништо ново, но пак гарантирано ќе ве издвои од сивата маса.

