Здраво тело

Пет причини зошто да навалиме на слатките

Умереното уживање во слатките може да помогне да бидеме здрави и послаби! Да и поздрави и послаби.

Еве што се дозна од едно истражување кое беше неоддамна направено:

Чоколадата ги намалува шансите за срцев и мозочен удар! Студијата покажала дека луѓето кои секојдневно јадат по малку чоколада имаат 40% помала веројатност да доживеат срцев или мозочен удар.

Овошните бомбони го намалуваат обемот на струкот! Ова е најверојатно најдобрата вест за љубителите на овошните бомбони. Истражувањето докажало дека оние кои јадат овошни бомбони имаат помал обем на струкот од оние кои јадат чоколадни бомбони.

Некои слатки делуваат како антиоксиданси! За да го прочистите телото од токсини направете десерт од мед, пченка, растопена чоколада и ситно исецкани кикирики. Ставете го во фрижидер и за многу кратко време ќе имате вкусен десерт кој е богат со антиоксиданси и потребни влакна.

Слатките може да ви помогнат да изгубите килограми! Можеби звучи неверојатно и невистинито, но луѓето кои секојдневно јадат нискокалоричен десерт  за еден месец може да изгубат и до 9 кг повеќе од оние кои јадат поретко, но покалорични десерти.

Напиши коментар