man fashion

Пет совети за машките кошули

Кошулата во сите свои видови и форми, е неразделен дел од гардероберот на секој маж. Затоа избравме неколку важни препораки за машките кошули.

Големината

Важно е кошулата да ви е по мерка насекаде, кај рамената, градите, половината, околу вратот и нејзината должина. Кога избирате кошула обратете внимание на широчината на јаката и должината на ракавите, овие два параметри се знак дека кошулата е точно вашиот број. Кога ќе ја облечеш и закопчаш кошулата, вклучително и јаката, вметни 2 прста помеѓу јаката и вратот. Двата прста треба да влегуваат слободно но да нема место за трети. Должината на ракавите треба да изнесува до основата на палците.

Перењето ( на белите кошули )

Флеките од пот или нечистотија се познаваат многу особено на белите кошули, па поради тоа нанесете од препаратот за перење поголемо количество под пазувите, јаката и манжетните. Ова се најкритичните места, каде се собира најмногу и најчесто нечистотија и се перат најтешко. Прдржувајте се на упатството за перење и сушење означено на кошулата.

Официјалната јака

Ако сметаш да одиш на официјален настан без вратоврска, јаката на кошулата мора да стои многу добро под сакото. Да не виси, да не е смачкана и да не прави набори. За таа цел кошулата треба да е со убава тврда јака и добро испеглана.

Официјална боја

Кога настанот е сериозен, тогаш белата боја е правилниот избор. Ако не сакаш бела боја, тогаш избери кошула во боја што се усогласува со тенот на твоето лице и со бојата на сакото.

Купете нова

Облеката како и се останато има рок на употреба. Кај кошулите тоа обично најпрво се забележува на јаката и манжетните. Ваквата износена кошула можеш да ја носиш без проблем, но никако на официјални настани, за оваа цел ќе мора да имаш неколку нови кошули. Малите знаци на износеност  понекогаш се дури дел од модните тенденции. Само немојте да ги комбинирате со класични панталони, туку тоа нека ви бидат кошули што ќе ги носите со фармерки.

 

Напиши коментар