man fashion

Петте главни тренда за оваа есен-зима!

Сумирано од се она што досега се виде на модните недели може да заклучиме дека ова се петте главни тренда за оваа есен-зима:

Вистинска сина – сината боја е ин оваа зима.

Во комбинацијата која ја носите одберете едно парче кое ќе биде со сина боја. Без разлика дали тоа ќе биде палто, џемпер, шал или панталони.

Шарени комбинации – оваа сезона е дозволено да комбинирате шарени панталони со шарени блузи или палта.

Комбинации на бои кои никогаш не би ги направиле сега се модерни.

Широки панталони – панталоните со широки ногавици се ин.

Елегантните панталони со тесни ногавици заборавете ги.

Старите долги палта – она што некогаш беше ин сега повторно е во тренд.

Кратките палта заборавете ги. Долгите палта во комбинација со кратки елеци се полн погодок.

 Светкаво – мажите може да си дозволат и малку светки.

Не сите, но ете барем оние похрабрите ќе се осмелат да облечат сако или панталони кои се сјајни. И тие ќе бидат во тренд…

 

Напиши коментар