Керозин

Peugeot 908 HYbrid4

Прикажан на авто-саемот во Женева во март 2011, овој хибрид  го направи своето прво тест возење во Есторила на 11ти Октомври.

После низата тест-возења коишто завршија на 16. Септември 2011, на приватна писта PSA Peugeot Citroen, болидот Peugeot 908 HYbrid4 за првпат беше тестиран во низа тест возења во Есторила ( Потругалија), месец дена подоцна. Повеќе од 300 км извозеа Николас Минасиан, Стефан Саразин и Александер Вурц. Целта не беше само да се вози, објаснува техничкиот директор на Пежо, туку и да се провери дали се сите функции оперативни. Треба време за анализа после секоја етапа како би биле сигурни во резултатите пред да го направиме следниот чекор. Системот функционираше и реагираше онака како што очекувавме, што ни пружа големо задоволство вели тој.

Иначе како и сите хибридни тркачки автомобили, електрични мотор на 908та користи регенеративно кочење да складира енергија за електричниот мотор, што може да биде користена за кратки интервали на плус 80 коњски сили, кога возачот има потреба од тоа. Дизел моторот е 3.7-литарски, V8 мотор  со 550 коњски сили.

Write A Comment