← НАЗАД НА БОЗА

Пилешки батак како моден додаток:)

Пилешки батак како моден додаток:)
834 Читања

 Познатата раперка Ники Минаж, која никако не се откажува од Барби изгледот, повторно ја забавува јавноста со своите необични комбинации. За радискиот „iheart Music“ фестивал таа се облече како Барбика која е спремна за есенски дожд. Погледнете само колку е забегана комбинацијава! За фризурата да не зборуваме. Големи извиткани прамени, по малку розеви на врвовите, но сепак во комплетна координација и стил со останатиот дел од стајлингот.

Без обзир на тоа што сите ние сме навикнати да ја гледаме Ники во луди изданија, таа сепак, и овој пат успеа да изненади – со златната огрлица на која имаше привезок во вид на розев пилешки батак.

Неодамна, на еден настап, Ники имаше проблем со фустанот кој и „забегуваше“, но овој пат на себе носеше цврст градник за да повторно не се најде во истата непријатна ситуација.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk