Мојата кујна

Пилешко со Кока Кола

„Кока Кола“ е еден од најпопуларните пијалаци на светот. Интересно е дека може да се искористи во подобрување на вкусот на различни јадења. Ние денес ви предлагаме токму такви рецепти, со кои ќе се тргнат предрасудите за овој пијалак.

Пилешко печено во „Кока Кола“

Состојки

1 килограм пилешко месо

1 главица кромид

2 чешниња лук

2 лажици кечап

1 лажица Вончестер сос

2 лажици осет

1 мала лажичка семф

2 децилитра Кока Кола

Исечкајте виолетов кромид. додадете две чешниња ситно сечкан лук, малку кечап, 2 дл „Кока Кола“, една лажица Ворчестер сос, 2 лажици оцет и една мала лажица сенф.

Маринирајте пилешко месо (стек, батак, карабатак, гради, крилца) во сос од „Кока Кола“. Оставете да отстои барем 3–4 часа (најдобро преку цела ноќ). Ако сакате месото да биде доволно сочно, направете дупчиња во него, за да може сосот полесно да навлезе. Печете го месото во рерна на средна температура околу 35 минути.

Уживајте во уникатниот вкус.

Напиши коментар