Двете моментално најпознати сестри во светот, изгледа имаат сосема ист вкус кога станува збор за облекување. Овој пат, Пипа Мидлтон го носела еден од омилените капути на сестра си Кејт.
Откако Мадона пред некое време ја ископира принцезата Кејт, сега и нејзината сестра се одлучила за парче од гардеробата на војвотката од Кембриџ. Еден од нејзините најомилени капути се најде на Пипа.


Е,, сега дали станува збор за позајмена облека или Пипа си купила исто парче како сестра си, тоа не можеме со сигурност да потврдиме. Инаку, за ваша информација, овој капут чини 725 фунти.
Вие проценете на кој му стои подобро!
