Една од најпосакуваните Британки наводно е повторно слободна. Нејзините обожаватели сигурно веќе го прославуваат тоа. Според британските медиуми, Пипа Мидлтон ја прекинала врската со Алекс Лудон, но овој пат засекогаш. Тие беа скарани и на почетокот на изминатово лето, но брзо се смирија, а сега врската наишла на непремостливи разлики.
– Пипа сакаше да најде утеха по раскинувањето, па минатиот викенд го помина со Кејт и Вилијам. Таа и Алекс беа кратко скарани летото, но сега работата е сериозна, дефинитивно е готово меѓу нив двајца. Вооошто не разговараат. Се зборува дека Алекс бил љубоморен на флертувањето на Пипа со принцот Хари, иако таа и Хари се само добри пријатели, – вели еден извор.
Пипа сеуште ги нема коментирано вестите околу раскинувањето на врската со Алекс.
