Секое годишно време со себе носи и посебни плодови и продукти. Нивното добро комбинирање значи да се добие вистински специјалитет.
СОСТОЈКИ (4−6 порции)
• 1 кг костени
• 1 мала лажица шеќер
• 100 гр путер
• малку млеко
• малку рум
• шлаг
ПОДГОТОВКА
Засечете ја лушпата на костените и ставете ги во засладена вода која врие. Откако ќе се сварат, отстранете ја лушпата и испасирајте ги.
Додадете малку топло млеко, рум и измиксан путер.
Сите состојки добро измешајте ги, пропасирајте ги и распоредете ги во неколку порции. По желба декорирајте со шлаг.