Дечкото на Бритни Спирс се очекува секој момент да ја запроси славната пејачка и тоа во Лас Вегас. Џејсон Травик ја запросил раката на Бритни од нејзиниот татко и рекол дека е спремен да потпише предбрачен договор, пишуваат американските медиуми. Џејсон инаку, чекал да заврши турнејата на Спирс за да ја замоли да се омажи со него.
Бритни досега била два пати во брак, а ако одлучи повторно да се омажи ќе мора да побара и судија кој службено ќе го потврди и одобри бракот. Таа е сеуште под надзор на својот татко поради непримерно однесување во минатото.
Сепак, за да се вери со некој не и треба одобрување, па кај и да е ќе дознаеме дали поп ѕвездата ќе се прошета со веренички прстен.
