Пилинг за раце и нозе:

– 8 до 10 јагоди
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица морска сол
Промешајте ги состојките и измасирајте ги рацете и стапалата.
Раскошна купка од рози:

– 1 шолја суви листови од роза
– ½ шолја ружина вода
– ½ шолја кокосово млеко
Наполнете ја кадата со топла вода и ставете ги состојките. Опуштете се во миризливата купка најмалку половина час.
Освежувачки пилинг од портокал:

– сок од портокал
– половина шолја пченкарно брашно
Во исцедениот сок од протокал ставете го брашното и промешајте. Нанесете ја сместаа на чисто лице, и истријте се. Измијте се и нанесете хидрантна крема.
Маска за тело од јогурт:
– ¼ шолја јогурт
– 3 лажици мед
– пире од тиква, една до две лажици
– пире од морков, од еден варен морков
Сварената тиква и морков испасирајте ги. Потоа додадете ги медот и јогуртот. Нанесете ја маската на телото и легнете во када со топла вода. Уживајте најмалку 20 минути.
