Убавина

Почастете го своето тело со домашни рецепти и уживајте!

Пилинг за раце и нозе:

–      8 до 10 јагоди

–      2 лажици маслиново масло

–      1 лажица морска сол

Промешајте ги состојките и измасирајте ги рацете и стапалата.

 

Раскошна купка од рози:

–      1 шолја суви листови од роза

–      ½ шолја ружина вода

–      ½ шолја кокосово млеко

Наполнете ја кадата со топла вода и ставете ги состојките. Опуштете се во миризливата купка најмалку половина час.

 

Освежувачки пилинг од портокал:

–      сок од портокал

–      половина шолја пченкарно брашно

Во исцедениот сок од протокал ставете го брашното и промешајте. Нанесете ја сместаа на чисто лице, и истријте се. Измијте се и нанесете хидрантна крема.

 

Маска за тело од јогурт:

–      ¼ шолја јогурт

–      3 лажици мед

–      пире од тиква, една до две лажици

–      пире од морков, од еден варен морков

Сварената тиква и морков испасирајте ги. Потоа додадете ги медот и јогуртот. Нанесете ја маската на телото и легнете во када со топла вода. Уживајте најмалку 20 минути.

 

Напиши коментар