Мојата кујна

Подготовка на фондан! Од сега сами може да ги декорирате тортите

Потребни состојки:

1 ќесичка желатин во прав

50 мл ладна вода (за желатинот)

20 мл вода (за фруктозата)

100 гр фруктоза или декстроза

1 лажица глицерин

900 гр шеќер во прав

 

Желатинот полијте го со 50 мл ладна вода и оставете го да нарасне. Фруктозата или декстрозата ставете ги во сад за готвење и полијте ја со 20 мл ладна вода. Ставете ја на рингла за да се истопи и цело време мешајте. Нека врие 20-30 секунди и додајте една голема лажица глицерин и надигнатиот желатин. Се’ заедно измешајте.

 

Во сад ставете 500-600 гр шеќер во прав и постепено додавајте ја растопената смеса. Измешајте. Во вака добиената смеса додаваме уште шеќер во прав. Постепено додавајте шеќер во прав, убаво изработете и префрлете го на работна површина. Додадете го останатиот шеќер во прав и изработете го фонданот.

 

Готовиот фондан оставете го да отстои 30 минути на работната површина, потоа ставете го во пластична фолија и чувајте го на собна површина. Најдобро е да се искористи во рок од 7-10 дена. Ваквиот фондан најдобро се обојува со гел-бои, но доколку користите прехранбени бои претходно додадете им малку вода или алкохол.

 

 

1 Коментар

Напиши коментар