Art & Crafts

Подобрете си го расположението со шолја топло какао!!!

Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и го успорува меѓу другото и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје. Тим научници од универзитетот “Корнел” установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај.

Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајќи од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни киселини пример во 40 гр чоколада има околу 8 грама заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се консумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти.

Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте……


Навистина е превкусно. Какаото е нашиот омилен пијалак, а се надеваме дека ако се уште не е и ваш, набрзо ќе стане. Подгответе го на истиот начин на кој подготвувате кафе и уживајте.


Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението:)

Напиши коментар