Убавина

Подолга коса на природен начин

Ако сакате да го забрзате го растот на вашата коса, истото можете да го постигнете со помош на состојки кои ќе ги најдете во вашата кујна. Истите се покажале ефикасни во обезбедувањето на вашата коса со потребните витамини а во исто време го одржуваат и вашиот скалп.

1.Рузмарин

Рузмаринот како растение богато со анти-оксиданси стана и една од најупотребуваните состојки при изработката на производите за нега на кожа. Ако истиот се употребува за нега на коса, тој дејствува на тој начин што ги отвора порите на главата и со тоа се стимулира растот на косата. Рецептот е следен: Половина лажица од рузмариново масло, се меша со исто така половина лажица вода и шампон во вообичаеното количевство кое го употребувате при капење. Измијте ја косата со смесата и оставете ја да делува на вашата коса околу 3 минути. Измијте ја косата со млака вода. Истиот ритуал повторувајте го неколку дено и самите ќе се изненадите од резултатите.

 

2. Кокосово масло

Еден ритуал кој е препорачлив за стимулирање на растот на косата е масажа на главата. Истата е особено ефикасна ако главата ја масираме со кокосово масло, затоа што кокосот го потхранува скалпот со потребните витамини. Се што треба да направите е да ги намачкате своите прсти со маслото и потоа со кружни движења да го масирате скалпот околу 10 минути. Косата потоа измијте ја со млака вода.

 

3. Кромид

Моќта на кромидот да го одржува тенот и скалпот е неспорна и затоа се повеќе козметичари советуваат истиот да биде составен дел на негата за косата и кожата. Рецептот кој треба да се спротивстави на сите непријатели на скалпот е следниот: Мелен или дробен кромид се меша со вашиот шампон и смесата се остава да стои најмалку 15 минути. Потоа косата се мие со оваа смеса а резултатот е здрав скалп и сјајна коса.

 

4.Маслиново и рицинусово масло

Овие две природни состојки се познати по тоа што го стимулираат растот на косата.3 големи лажици на рицинусово масло се мешаат со истата количина на маслиново масло. Мешавината се загрева се додека не стане поприлично топла. Маслото се нанесува на коренот на косата со помош на прстите. Со кружни движења се масира скалпот во времетраење од 10 до 15 минути.Ова е клучот за поздрава и подолга коса за најбрзо време.

 

 

Напиши коментар