Дестинации

Подземниот град

Деринкију е името на подземниот град кој се наоѓа на територијата на денешна Турција.

Се верува дека овој град бил населен од Фригијците отприлика помеѓу осмиот век пред новата ера до десеттиот век од новата ера. Се претпоставува дека овде се криеле и раните Христијани кои биле прогонувани од римските власти.

Самит град е изграден како подземна мрежа која има повеќе од десет катови и место за 50 000 жители, плус добиток. Градот можел да биде изолиран со големи камени врати, и секој од посебните катови можел посебно да се изолира.

Во подземниот град се наоѓат и многу занаетчиски простории, како на пример, преси за вино и масло, визби, училишта, складишта и капели. Постои и интересна мрежа за вентилација и спроведување на вода. Во близина на овој град се наоѓаат уште неколку подземни градови.

Денес се откриени само 10% од градот кои се отворени за туристи.

Напиши коментар