← НАЗАД НА БОЗА

Погледнете каков е трендот кај машките фризури сезонава

Погледнете каков е трендот кај машките фризури сезонава
1344 Читања

Погледнете кои се најдобрите машки фенси фризури според новите тенденции за сезонава:

Со страничен пат

Страничниот пат во косата е неоспорно на прво место во овогодинешните класации на новите тенденции при машките фризури. Денеска, за разлика од минатото, кога оваа фризура беше исто така голем тренд, страничниот патец е небрежен, неравен, а косата е малку подолга, и во никаков случај не залижана со гел. Треба да изгледа токму како Џејмс Франко на сл број 1. Може да употребиш гел или пена но само за да се придаде малку похаотичен изглед на косата.

Со волумен

Ова е многу едноставна фризура, но сепак ги завзема годинешниве тенденции со брзина на грипна епидемија. Погледнете како му прилега на актерот Ендрју Гарфијлд на сл бр. 2.

Многу кратко

Признаваме нема со што да ве изненадиме со оваа фризура. Таа е толку класична, колку што се универзални и црните панталони на пример. Но сепак, присуствува во тенденциите при машките фризури за 2011-та. Погледнете ја како изгледа на Џон Џоунс.

Подигната нагоре

Ако косата ти расне брзо и имаш потреба од промена, едноставно подигни ја нагоре и си во чекор со модата. Оваа фризура дозволува доста експерименти – од кратки до подрастични должини. Едностаvно испрскај многу лак и протни ги прстите во косата и пројди неколку пати од корените кон врвовите на косата за да ја фиксираш. Погледнете колку добро изгледа кај Ин Макгрегор.

Долга и природна

Дејвид Бекам категорично е најголемиот фан на оваа фризура. Долгата, разделена на пат коса, на пластови или не, ќе биде фаворит на многу мажи сезонава. Таа придава небрежен изглед и жените ја коментираат как многу секси.

Таласеста

И оваа фризура е една од најмодерните сезонава. Советите на стилистите се да се носи исчешлана напред и небрежно рошава како Џеси Ајзенберг. Користитете гел за да добиете малку влажен ефект.

Во целина, фризурите сезонава залагаат на поприроден изглед и подолги коси, така да експериментирајте смело.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk