Мојата кујна

Појадок во облик на срце! Неколку предлози за празничните денови

Малку креативност за убав почеток на денот!

Искористете ги празничните денови за интимни моменти со партнерот. Нема ништо поубаво од појадок во кревет по прекрасната ноќ. Направете вкусен појадок во облик на срце, наместо да одите по скапите ресторани.

Рецептите се многу едноставни, само ви требаат модлици во облик на срце. Со нив може да направите палачинки. Декорирајте ги со сезонско овошје и мед. За сладок појадок може да подготвите и пржени лепчиња кои ќе ги прелиете со мед и ќе ги декорирате со овошје.

 

Направете јајца на око во облик на срце.

 

Пржени лепчиња. Со модлицата извадете ја средината на лебот. Лебчето потопете го во изматено јајце и пармезан. Ставете го во тава, и тогаш во издлабениот дел ставете цело јајце. Пржете од двете страни.

 

Варени јајца во облик на срце. За ова ви треба само стапче, (може да употребите и стапче за кинеска храна), тетрапак и две ластичиња. Погледнете на сликата како да го направите тоа. Потребно е така поставено јајцето да стои 15-на минути и кога ќе го пресечете ќе има форма на срце.

Напиши коментар