Мода

Појас за спасување на стилот

Есента ни го врати модниот стајлинг од – не така далечното модно минато, а идеален додаток на ретро фармерките со висок струк и одважните фустани од свила е тенкиот кожен ремен.

Ретро тенкиот ремен околу струкот е идеален додаток на ретро – комбинациите кои се хит ова есен и зима. Се носат на свилени одважни (лепршави) фустани или тесни модели од штоф, со тенки или кратки волнени џемпери, памучни или свилени кошули, со сако, со капутче…

Токата, бојата, шарата; Ременот е моден детаљ кој не треба да е изоставен во плакарот на секоја жена која ја сака модата и интересните  комбинации, бидејќи неговата тока, бојата или шарата на кожата можат да внесат освежување и во најбаналната комбинација облека. Ременот со леопардовски или тигрести шари внесува откаченост и младешка цртана личноста, поготово ако го ставете на фармерки со низок струк.

Тесен струк на пантолони со висок струк ќе постигнете ретоефект – ако ременот е од лакирана кожа или во зелена, беж или светло кафена боја. На дамскиот стил најубаво ќе му прилега тенок црн ремен кој визуелно го стеснува струкот и го истакнува Вашиот сексапил.

Write A Comment