Убавина

Покрај добрите навики нема да имате потреба од преса или четка за коса!

Исхрана полна со витамини, редовно шишање, правилна нега, испробување на нови производи, избегнување на често миење и чешлање на косата е она што ви треба за да имате убава коса.

Ова се однесува на сите, каков и тип на коса да имате.

Косата не треба да ја миете почесто од два пати во неделата. Доколку не го практикувате ова, вашата коса ќе стане сува, а коренот се почесто ќе се мрси.

Чешлањето игра голема улога во убавината на косата. Чешлањето правете го со четка од природни влакна, и тоа само по миењето. Дополнителното чешлање само ја крши косата.

Потшишување! Редовното потшишување е клучно за здрава коса.

Здрава храна. Јадете многу свежо овошје и зеленчук. Многумина велат дека и омега – 3 масните киселини се важни за здрава коса. Не заборавајте и на мултивитамините.

Напиши коментар