← НАЗАД НА БОЗА

Полнети сардини

Полнети сардини
948 Читања

Денес ви предложуваме еден вкусен рецепт. Изненадете го вашето семејство со еден нов ручек на менито. Едноставно за подготовка, но многу вкусно. Пробајте:)

СОСТОЈКИ:

*1 кг крупна сардина

*2 лажички сецкан магдонос

*3 лажички презла

*1 дл масло

*3 лажички брашно

*сол, бибер

ПОДГОТОВКА:

Сардината исчистете ја, извадете и ја главата, и внатрешноста.

Направете фил од сецкан магдонос, лук, презла, масло, сол и бибер, и наполнете ја сардината и прицврстете ја со чечкалица.

Рибата ставете ја во брашно, па пржете ја во врело масло.

Пред послужување извадете ги чепкалките.

Послужете ја со варен компир.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk