Art & Crafts

Поправете го напукнатиот порцелан со млеко!

Иако на пазарот има голем број на средства и креми за чистење и корегирање на напукнат или оштетен порцелан, еве еден домашен, ефтин начин на кој можете да го направите тоа.

Потребно ви е само млеко, тенџере и оштетен порцелан.

Прво. Ставете го оштетениот порцелан во тенџререто. Бидете внимателни како го ставате, бидејќи порцеланот е доста кршлив, особено ако станува збор за парче кое е многу старо.

Второ. Ставајте млеко во тенџерето се додека порцеланот целосно не се прелие. Истурајте го млекото полека и внимателно.

Трето. Загрејте го млекото се додека не почне да врие. Кога млекото ќе почне да врие намалете ја температурата и оставете го да крчка околу еден час.

Четврто. По еден час тргнете го тенџерето од оган и оставете го самото да се лади околу половина час. Пукнатините на порцеланот би требало да се пополнети или најмалку барем избледени. Не го отстранувајте порцеланот од млекото се додека не е оладено.

Не е важно какво млеко користите, било како ќе ја заврши работата. Но, не претерувајте со очекувањата, овој начин најдобро функционира кај помали оштетувања или пукнатини на порцеланот, но нема да ги покрие големите дупки. Млекото повеќе делува како лепак кој помага да се спојат пукнатините, но не поправа големи дупки.

Write A Comment