Докторот Конрад Муреј е прогласен виновен за убиството на Мајкл Џексон. Поротата составена од пет жени и седум мажи донела пресуда дека смртта на Џексон е негова вина. Конрад се смета за виновен поради тоа што му дал на Мајкл фатална доза пропофол, кој кралот на поп музиката го земал поради хроничната несоница.
Во петокот поротата одлучувала цели шест саати. За време на шесте недели судење, сведочеле 49 сведоци и биле претставени повеќе од 300 докази. На крај се заклучи дека Конрад го остави светот без гениј, а децата на Џексон без татко.
Одбраната тврдеше дека Мајкл е самиот крив за својата смрт, но луѓето во судницата пред самата пресуда скандирале: „Крив е! Крив е!“ За време на читањето на пресудата се собрале голем број на обожаватели и членови на фамилијата на Џексон.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Z3wI20hUfs4&
