← НАЗАД НА БОЗА

Porsche 911 GT3 R Hybrid

Porsche 911 GT3 R Hybrid
823 Читања

Porsche 911 GT3 e верзија на спорстката кола Porsche 911 наменета за високи перформанси. Овој автомобил, кој започнал да се произведува во 1999, има 3,6 литарски мотор со 6 цилиндри, кој е базиран на моторот на спортските коли Porsche 962 и Porsche 911 GT1.

Oд овој автомобил беа направени повеќе верзии, меѓутоа највпечатлива е последната верзија, Porsche 911 GT3 R Hybrid. Oвој модел беше претставен на авто-шоуто во Женева, во 2010. Хибридната технологија на оваа кола беше развиена од Формула 1 тимот, Вилијамс, и е базирана на нивниот кинетички систем за собирање на енергија (KERS). За разлика од останатите KERS системи, системот на Вилијамс е базиран на користење на кинетичка енергија складирана во погонското тркало, а не во батерии.

Porsche 911 GT3 R Hybrid има два електрични мотори напред, кои имаат по 80 коњски сили, и кои претставуваат подршка на моторот кој има 480 коњски сили и е сместен позади. Оваа кола се натпреварувала на „24 Hours Nurburgring,” каде поради одредени технички проблеми завршила на 28-то место.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk