← НАЗАД НА БОЗА

Посакувате секси задник???

Посакувате секси задник???
2419 Читања

Ако сакате да имате задник каков што имаат моделите кои се насмевнуваат од страниците на списанијата, на модните писти или актерките кои  ја градат кариерата благодарение на нив, тогаш фатете се за работа. Па ниту Џеј Ло, која е само една од многуте познати личности особено горди на својот задник, не препушта ништо на случајноста. Ќе ви откриеме неколку трикови што ќе ви помогнат да го подигнете, зацврстите и да го обликувате задникот. Во поплавата на разно – разни антицелулитни третмани навистина, се чини, дека стриите не би требало ни да ги има, но сето тоа нема да биде доволно, па затоа погрижете се со својот задник самите, во мирот на сопствениот дом.

Кој рецепт е најделотворен?

Нема едноставен одговор. Најдобро, барем така се покажало во практиката, е да се комбинираат антицелулитните производи, масажата, триењето со ракавица од луфа за време на туширањето, груб и благ пилинг и, што е најважно, сето тоа треба да се прави редовно за резултатот да биде видлив.

Зошто масажата е важна?

За зацврстување и подигнување на мускулите особено е делотворна масажата која се состои од низа притискања со показалецот и средниот прст, и тоа во насока од средината на задникот кон рабовите. Масажите треба да се спроведуваат во циклус од најмалку 20 и во ритам од неколку масажи неделно. Ефектот ќе биде поголем доколку се масирате во комбинација со производи за зацврстување или против целулит. За да го нагласите нивниот позитивен ефект, масажата изведете ја пред нанесувањето на средството. За  подобро дејство на антицелулитен крем, навечер, по масажата облечете посебни најлонски панталончиња со кои ќе постигнете ефект на сауна и ќе овозможите кремот да продре подлабоко под кожата.

Домашна нега

Во билната аптека купете глина и ставете ја како облога на задникот: ќе помогне во борбата против целулитот. Нанесете подебел слој глина, потоа легнете на кревет, на стомак, и оставете да дејствува околу 20 минути, додека не се исуши. Измијте со топла вода. Неколкупати неделно овозможете си чистење на кожата со препарат за пилинг со микрогранули: ги отстранува изумрените ќелии и кожата ја прави мазна и свиленкаста, како и ја прави изедначена, со што се овозможува полесно впивање на кремите.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk