Prison brake

Последните зборови на осудениците на смрт…!!!

Речиси секој осуденик на смртна казна искрено се покајува за стореното дело, но предоцна. Ова е само дел од оние кои биле осудени на смрт, и искрено се покајале за грешката која ја сториле.

“Жалам. Не очекувам никогаш да ми простите. Навистина ми е жал” – John Forrest Parker, осуден во Алабама во јуни 2010 година.

“Сакам да им заблагодарам на моето семејство, моите пријатели и на моите најблиски” – Melbert Ray Ford, осуден во Џорџија во јуни 2010 година.

“Се надевам дека тоа им помогна на неговото семејство, син и сакани. Ова беше долго патување, просветлувачко. Тоа не е крајот. Ова е само почетокот”- George Alarick Jones, осуден во Тексас на 2-ри јуни 2010 година.

“Би сакал да можам да се вратам назад и да ги променам работите, но не можам. Им благодарам на оние кои стоеа зад мене. Сакам да им пренесете дека се ќе биде во ред… и дека многу ги сакам. Ок шефе може да го направиш тоа” – John Avalos Alba, осуден во Тексас на 25-ти мај 2010 година.

“Не знам дали е ова правилното, но премногу долго чекавме и за ова.”- Darick Demorris Walker осуден во мај 2010 година.

“Би сакал да ја вратам назад. Жалам што го сторив тоа, но бев под дејство на алкохол. Тоа е тоа”- Gerald James Holland осуден во Мисисипи во 2010 година.

“Да можев да се вратам назад и да го сменам минатото, ќе се вратев. Но, не можам ништо со тоа. Те сакам Адониа.”- Billu John Galloway осуден во Тексас 2010 година.

“Господ ме сака мене и Ве сака вас. Спремен сум да тргнам. Господе однеси ме дома. Благодарам Исус. Заминувам мамо”- Kevin Varga осуден на смртна казна во мај 2010 година.

 

Напиши коментар