Легендарната актерка За За Габор е примена во болница откако ѝ се слошило во нејзиниот дом во Холивуд.
Нејзиниот сопруг, принцот Фредерик вон Аналт ја пронашол За За (94) со висока температура и крварење од стомакот.
Моментално, актерката добро реагира на антибиотиците, свесна е, но сеуште не успева да проговори.
Вон Аналт тврди дека За За е голем борец и е сигурен дека таа ќе го надмине и овој проблем.
