← НАЗАД НА БОЗА

Потполно природни состојки за нега на устата

Потполно природни состојки за нега на устата
869 Читања

Млеко и јајца

Испкунаите делови на устата често се последица на недостаток на витамин Б2, кој го има во јајцата и млечните производи. Пола литро млеко ги покрива дневните потреби за овој витамин.

Камилица

Камилицата делува многу корисно на раните во внатрешноста на устата.Сварете чај од камилица, исцедете го и чекајте да се олади. Исплакнете ја устата 4 пати на ден со чајот.

Лимон

Би сакале усните да ви бидат румени, а да не користите кармин? Пробајте го овој трик. Загризете 5 пати кора од лимон. Устата два часа ќе ви биде црвена и ќе добие убава боја.

Жалфија

Жалфијата е многу ефикасна против инфекција во устата, непцата и прави дезинфекција. Сварете чај од жалфија, чекајте да се олади, и исплакнете ја устата 4 пати дневно по 2 минути.

Мед

Медот е проверено средство за меки и нежни усни. Нанесете тенок слој од мед, оставете да делува неколку минути, и потоа излижете го.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk