man fashion

Повеќе боја за мажите

Машката мода во Њу Јорк станува се поколоритна, класичните модели се освежени од новите ткаенини поради желбата на луѓето да се разликуваат со помошта на својот индивидуален избор на гардероба.

Пролетта 2012,  акцентот кај машката мода нема да биде класичниот сив костим и свилената вратоврска, туку ленот и дезен каре. После долгогишна строгост мажката облека оживува.

Една од основните тенденции во машката мода следниве месеци ќе биде британското влијание, – со шкотското каре, твид и елегантниот стил од Островот.

Боите ќе бидат посмели, и сивото ќе отстапи пред темнобежовото како основна боја. Мастиленосината е исто така на врвот на тренд боите. Особено внимание се посветува на аксесоарите и деталите. Освен спортската гардероба, се презентира подеднакво и официалната, бидејќи мажите одново сакаат да се облекуваат елегантно, кога излегуваат навечер.

Напиши коментар