ШоуБиз

Познатите ѕвезди како бебиња

Некогаш и светски познатите фаци биле мали бебиња, и тоа пресоблекувани, ранети и бањати од родителите. Додека биле во пелени, верувам, на никој не му биле толку интересни како денес. Погледнете колку биле слатки некои од нив.

Бред Пит

Пресладок и како бебе, па ништо чудно што израснал во ваков убавец, како што е денес. За жал, неговото срце го зароби само една актерка…

Меган Фокс

Денес е една од најсексапилните актерки, а некогаш била само преслатко девојче кое обожавало да си игра со кукли.

Харисон Форд

Кој би рекол дека ова слатко бебе ќе стане актерот кој се прослави по улогата во „Индијана Џонс“.

Џастин Тимберлејк

Успешниот музичар, чии љубовни врски најмногу ги интересираат новинарите и неговите обожаватели, како дете најмногу сакал да се смее. За среќа, и ден-денес си ја задржал смислата за хумор.

Ештон Качер

Сигурно му недостига времето кога не мораше да се занимава со разводи.

Бијонсе

Наскоро и таа ќе си добие сопствено дете, но еве како изгледала кога одела низ куќа во дубак.

Бритни Спирс

Кога би ја погледнале сликата кога била само бебе, никогаш не би помислиле дека ќе предизвика толку скандали.

Анџелина Џоли

Иако денес има шест свои деца, и таа еднаш била бебе.

Никол Кидман

Актерката за која има безброј трачеви дека направила многу пластични операции, па си го направила лицето пластика, кога била мала не ни претпоставувала што ја чека кога ќе порасне.

Ким Кардашијан

Кога била мала сигурно не ѝ биле мажи на ум, туку да позира пред објективот.

Џенифер Анистон

Еве како изгледала како бебе актерката која после многу промаршени љубовни врски, по сè изгледа ја пронајде вистинската љубов.

Викторија Бекам

Погледнете како изгледала оваа убавица кога била мала и безгрижна.

Напиши коментар